Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Куче застрела ловџија во САД, загинал на самото место

24.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Неименуван маж од Вичита бил пронајден во близина на населбата Геуда Спрингс. Властите соопштиле дека тој починал околу 9:40 часот.

“Кучето на сопственикот на камионетот згазнало на пушката и случајно го застрелало човекот. Куршумот ја погодил жртвата, кој поради повредите починал на самото место”, соопштиле од канцеларијата на шерифот, а пренесува Дејли мејл.

Полицијата не го објавила името на ловецот, но многумина на социјалните мрежи се потсмевале на околностите под кои тој го загубил животот. Еден од неговите пријатели излезе во негова одбрана.

„До сите комичари и експерти за оружје кои коментираат овде – ова момче ми беше пријател. Вашите коментари се полни со омраза. Многу добро го познавам неговото семејство и не можам да ви кажам колку им е скршено срцето во моментов. Срам да ви е“, напишал пријателот на жртвата.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ