Копал за да најде црви, кога открил огромно богатство- 6 килограми сребро, старо илјада години

14.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Копал за да најде црви, кога открил огромно богатство- 6 килограми сребро, старо илјада години

Сепак, наместо овие суштества, тој ископал нешто многу поголемо од земјата.

Пронашол бакарен котел со едно од најголемите сребрени богатства откриени некогаш во Шведска.

Откритието тежи 6 килограми, а меѓу пронајдените предмети има претежно сребрени монети, но и сребрени прстени, привезоци, монистра...

Пронаоѓачот веднаш го пријавил своето откритие на локалните власти, а сега археолозите го истражуваат местото и монетите, монистрата, прстените и привезоците што го сочинуваат ова богатство, соопшти округот Стокхолм.

- Ова е веројатно едно од најголемите сребрени богатства од средниот век пронајдено во Шведска. Точниот број на монети сè уште не е познат, но мислам дека може да има до 20.000. Повеќето од предметите се добро зачувани, но бакарниот котел во кој биле, за жал, не е толку добро зачуван - изјави Софија Андерсон, кустос на округот Стокхолм.

Сребрените монети датираат од 12 век. Некои од монетите се ковани со текстот „KANUTUS“, што на латински значи Кнут. Тие се од времето на кралот Кнут Ериксон, кој владеел од 1173 до 1196 година.

Неколку монети се необични. Во текот на средниот век, во Европа биле ковани таканаречени бискупски монети. Богатството содржи неколку такви монети на кои е прикажан бискупот како држи стап во десната рака.

По налог на округот Стокхолм, археолозите сега работат на истражување и документирање на наодите. Објавувањето на локацијата на локалитетот е одложено додека не се заврши истражувањето. Властите на округот Стокхолм, исто така, ќе го пријават археолошкото откритие до Шведскиот одбор за национално наследство, кој ќе одлучи дали државата треба да го купи богатството или да му плати надомест на пронаоѓачот.

- Пронаоѓачот постапил правилно што нè контактирал. Според Законот за културно наследство, секој што ќе најде археолошко наод е должен да ѝ понуди на државата да го купи за одредена такса - рече Софија Андерсон.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата