Тие ќе укажат поддршка за ранливите заедници погодени од конфликти и раселувања, соопшти Еј-Би-Си
Двојката пристигна по покана на генералниот директор на Светската здравствена организација (WHO), Тедрос Аданом Гебрејесус, и учествуваше на округла маса заедно со претставници на ОН, донатори и дипломати. За време на посетата, принцот Хари и принцезата Меган ќе се сретнат со јордански лидери, ќе посетат програми за примарна здравствена и ментална заштита, и ќе ја видат работата на организацијата Ворлд Сентрал Кичен (World Central Kitchen), која координира храна за Газа.
Тие ќе го посетат и младинскиот центар КвестСкоп („QuestScope“), учествувајќи во проекти кои овозможуваат медицинска евакуација на деца погодени од војната во Газа. Британскиот амбасадор во Јордан, Филип Хол, им се заблагодари на војводата и војвотката од Сасекс за доаѓањето на Блискиот исток, нагласувајќи дека нивната поддршка на напорите на Обединетите нации, вклучувајќи ја и ВХО и Владата на Јордан, е „исклучително ценета.

