Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Кампања на МНЗА по повод Светскиот ден на аутизмот

31 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Како што соопштуваат од МНЗА, кампањата дава можност да се размислува за напредокот постигнат досега за заедницата со аутизам и за работата што останува за подобрување на животот на аутистичните лица и нивните семејства.

-Би сакале да ги повикаме националните креатори на политики и другите засегнати страни да обезбедат целосно уживање на правата и потребите на аутистичните лица во Македонија, согласно Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост (UNCRPD). UNCRPD е ратификувана од 45 од вкупно 46 земји-членки на Советот на Европа (СЕ), вклучително и од сите земји-членки на ЕУ и од самата Европска унија во 2010 година, наведуваат од Здружението.

Во текот на април, членовите на МНЗА најавуваат активности за поддршка за подобар и поинклузивен живот на лицата со аутистичен спектар на нарушувања.

Во рамки на онлајн кампањата, следната недела на социјалните медиуми на здружението на Фејсбук, Твитер, Линкедин, Инстаграм ќе бидат споделени банери и постери, а сите што сакаат да ја поддржат кампањата можат да ги споделат овие пораки користејќи го хаштагот #AutismDay2023.

Светскиот ден на аутизмот беше прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во 2007 година како годишен ден за да се привлече вниманието за итните потреби на лицата со аутизам ширум светот. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ