Оваа појава позната како ноќна анксиозност се јавувапоради состојбата на стрес и стравот од непроспиена ноќ. Колку повеќе се грижите дали ќе заспиете, мозокот станува побуден, а недостатокот на одмор дополнително го зголемува нивото на стрес следниот ден. Долготрајната исцрпеност го нарушува вашето расположение, ја слабее концентрацијата и со тек на време ова може развие хронична несоница и кардиоваскуларни проблеми.
Внимавајте на вашиот внатрешен монолог
Начинот на кој размислувате пред да заспиете директно влијае на вашиот нервен систем. Негативните изјави како „Никогаш нема да заспијам“ создаваат паника во вашето тело. Корисно е ваквите мисли да ги замените со понеутрален став, прифаќајќи дека дури и мирното лежење е форма на одмор што му помага на телото.
Мобилниот телефон оставете го надвор од собата во која спиете
Чепкањето по телефонот додека чекате да заспиете прави повеќе штета отколку корист. Сината светлина го нарушува производството на мелатонин, додека постојаниот проток на информации го стимулира умот наместо да го смири. Наместо да пребарувате на социјалните медиуми, посегнете по книга што ве опушта, со благо пригушено светло.
Воведете ритуал за успорување на ритамот
На телото му е потребен јасен премин помеѓу дневната врева и ноќниот мир. Посветете најмалку половина час пред спиење на мирни активности:
Топол туш или нега на лице
Лесно истегнување со пригушено светло
Кратки вежби за дишење или прогресивно опуштање на мускулите
Слушање музика за опуштање
Кога да побарате стручен совет
Ако анксиозноста продолжи и почне да го нарушува секојдневното функционирање, стручната поддршка може да донесе брзо олеснување. Когнитивно-бихејвиоралната терапија за несоница се покажа како исклучително успешен метод за промена на навиките и прекин на негативните обрасци на размислување поврзани со спиењето.