На оваа надморска височина, атмосферата е исклучително ретка, а локалното население живее секој ден со само 50% од вообичаеното ниво на кислород. Иако природата околу градот е прекрасна, животот таму е далеку од бајка.
„Сè се менува ноќе“
Овој оддалечен рударски град неодамна го посети популарен Јутјубер, кој го документираше своето искуство со многу детали.
Тој ја нарече Ла Ринконада „најнеобичното место“ што некогаш го посетил, каде што тепачките на улиците „се случуваат речиси секој ден“ и хаос владее „штом ќе падне ноќта“.
Младиот човек тврди дека му било советувано „да не излегува по зајдисонце“, бидејќи тогаш „сè се менува“.
Истрели одекнуваа во темнината
И покрај ризиците, додава тој, сретнал многу добронамерни луѓе, претежно рудари, кои работат до 30 дена без плата, но имаат право да задржат што и да најдат за еден ден - најчесто злато.
Јутјуберот тврди дека слушнал истрели и врескања во текот на ноќта, додека неговиот снимател видел три физички пресметки од прозорецот на неговиот хотел, објавува LadBible.
Полицијата која го обезбедувала друг јутјубер, италијанецот Зазу, објаснила дека многу од прекршителите биле маскирани како рудари, што го отежнувало нивното фаќање.
Зазу забележал дека има ѓубре на улиците, дека луѓето работеле 12 часа на ден на голема надморска височина и дека за многумина алкохолот бил единствениот начин да избегаат од секојдневниот живот.
Фасцинантна природна убавина
И покрај сè, гостите ја опишуваат Ла Ринконада како место со фасцинантна природна убавина, но и како суров приказ на човековата борба за опстанок во екстремни услови.
„Да се биде на едно од најубавите места на планетата, а истовремено да се гледа најлошото што луѓето можат да го направат - тоа е Ла Ринконада“, заклучил јутјуберот.