Јапонецот која реши да стане куче, повторно го шокира светот- отвори зоолошка за луѓе (ВИДЕО)

4.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јапонецот која реши да стане куче, повторно го шокира светот- отвори зоолошка за луѓе (ВИДЕО)

Јапонецот Токо, кој потрошил повеќе од 14.000 евра за да ја оствари својата детска амбиција и да се трансформира во сакано куче, повторно го шокира светот: тој ги поканува истомислениците да го следат со посета на неговата зоолошка градина каде ќе носи избрани хипер- реалистични костими за кучиња и ќе живеат како него, пренесува Мирор.

Токо има повеќе од 70.000 претплатници на YouTube каде обожавателите го гледаат како прави трикови за да добие почести, да ужива во прошетки и да комуницира со други кучиња, но сега отиде чекор понатаму. Тој отвори нова специјализирана зоолошка градина, наречена TokoTokoZoo, која му овозможува на секој човек да ја исполни својата желба да стане куче.

Откако ја постигна својата амбиција да стане своето омилено куче, Токо сега им го нуди на другите. Неговата „зоолошка градина“ им дава можност на истомислениците да облечат една од реалните костими за кучиња и да живеат како овие домашни миленици.

Детали за најновиот потфат на Токо се појавија на веб-страницата на новата зоолошка градина, која гласи:

„Дали некогаш сте посакале да бидете животно?“

И покрај возбудата, постојат предупредувања: единствената опција за костими што Токо моментално ја нуди е маламут од Алјаска. Веб-страницата дава преглед на големини и достапност на костимите и ги советува клиентите да ја резервираат својата облека 30 дена пред закажаниот термин. Сепак, за оние кои сакаат да „станат“ маламути од Алјаска, ова нема да биде евтина забава: за да поминат 180 минути како кучиња, треба да одвојат 300 евра или 225 евра за 120 минути, а доколку сакаат да донесат пријатели, ќе чини само 180 евра, со уште поевтина опција за тројца истомисленици кои ќе потрошат по 125 евра за да станат кучиња на кратко.

Пакетот вклучува и објаснувања за костимот, како и краток преглед на сè што учесникот би сакал да прави како животно, од промена во костимот до прилагодување на животот како куче. Постои и опција за пробен период, со две сесии на трансформација во куче кои чинат 155 евра.

TokoTokoZoo Zoo се надева дека наскоро ќе понуди повеќе костими, вклучително и панди. Сепак, понудата нема да вклучува костими за мачки и лисици: тие се забранети бидејќи се „премали за луѓето да ги носат“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата