Овој потег е уште еден обид да се населат повторно и обноват повеќе од 30 градови во Италија кои се на работ на исчезнување. Во некои од тие градови има повеќе напуштени отколку населени објекти.
Во обид да ја поттикне купопродажбата на напуштени или руинирани куќи, Трентино одвои повеќе од 10 милиони евра за наредните две години за проектот. Токму таму се упати холивудскиот актер Стенли Тучи – во новата серија на „National Geographic“ тој го истражува најсеверниот регион на Италија – Јужен Тирол.
Како најбогат регион по глава жител во Италија, Јужен Тирол „може да се пофали со една од најефикасните железнички услуги во целата земја“, па затоа Стенли патува со воз низ регионот.
– Толку е убаво да се патува со воз… Само лозје до лозје, и многу добро вино, морам да додадам – вели тој.
На своето патување, тој пробува широк избор на јадења, вклучувајќи изненадувачки вкусна супа од сено и песто од иглички од бор, пишува „Дејли мејл“.
Секој што ќе одлучи да се пресели мора да се обврзе на ова
Исто така уживал и во њоки кои му ги послужил готвачот Егoн Хајс, награден со Мишелин ѕвезда, во замокот Кастел Фрагсбург во Мерано. Мерано, Тучи го опишува како совршен спој на италијанска и австриска култура.
Во главниот град на Јужен Тирол, Болцано – кој „долго време бил точка за застанување за странци што ги минуваат Доломитите“ – Стенли ја посетува локалната пазарна тезга за храна каде пробува колбас.
– Толку е добар со тој совршен сенф. Не е лут, но има целосен пиперлив вкус на димена колбасица – вели тој.
– Обожавам што можете да најдете неверојатни италијански производи, но и австриски леб и колбаси. Неверојатно е. Одлична комбинација на две различни кујни.
На оние кои размислуваат да се преселат во Трентино им се нуди грант од околу 80.000 евра за реновирање, како и дополнителни 20.000 евра за помош при купување имот.
Сепак, секој што ќе одлучи да аплицира, мора да се обврзе дека ќе живее во Трентино десет години или, ако тоа не успее, да се согласи да го издава имотот во ист период.