Истражување: Според научниците, Леонардо да Винчи има 14 живи потомци

16.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Истражување: Според научниците, Леонардо да Винчи има 14 живи потомци

Новото семејно стебло на семејството Да Винчи го утврдиле професорите Александро Вецози и Ањезе Сабато, а резултатите од своето десетгодишно истражување ги објавиле во научното списание Хјуман еволушн („Human Evolution„). Наследниците на ренесансниот гениј, автор на прочуената Мона Лиза денес живеат во околината на Фиренца. Го носат презимето Винчи, имаат возраст од една до 80 години и работат вообичаени работни места, како службеници, геометри и слично, соопштува Танјуг.  

Вецози и Сабато уште во 2016 година го утврдиле генеалошкото стебло на семејството Да Винчи идентификувајќи само двајца директни машки потомци, од кои едниот бил италијанскиот режисер Франко Зефирели. Новото семејно стебло на семејството Да Винчи се базира на машките потомци во период од 690 години, опфаќајќи вкупно 19 генерации.

„Според научните истражувања, Y-хромозомот се пренесува исклучиво по машка линија и може да остане непроменет до 25 генерации. Споредбата на Y-хромозомот кај живите потомци на Леонардо да Винчи, со оној што е идентификуван кај посмртните остатоци на неговите предци би можел да открие можни причини за неговата генијалност, но и да даде информации за неговата физичка состојба, наследните болести и причините за неговата прерана смрт“, информира италијанскиот весник.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата