Истражување од Харвард кое траело 88 години открива што навистина нè прави среќни – Заклучокот изненадил многумина

6.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Истражување од Харвард кое траело 88 години открива што навистина нè прави среќни – Заклучокот изненадил многумина

Научниците 88 години ги следат учесниците и бележат што ги прави поздрави и позадоволни во нивниот живот.

Од елитни студенти до сиромашни момчиња

Истражувањето почнало на Харвард 1938 г. Научниците ги следеле животите на две групи млади момчиња. Едната група биле студенти од Харвард, меѓу кои и Џон Ф. Кенеди, а другата група биле сиромашни момчиња од еден бостонски кварт за време на Големата депресија. Подоцна биле вклучени и жени и деца, а истражувањето трае и денес.

Што е поважно од парите, славата и гените

По повеќе децении бројни интервјуа, прегледи, научни трудови, истражувачите дошле до заклучок дека богатството, славата, интелигенцијата, па дури и „добрите“ гени не се најдобар показател за среќен живот.

Како најважни нешта за среќен живот се покажале блиските и квалитетни односи со семејството, пријателите и заедницата.

Односите како темел за здравјето и долговечноста

Откако ги анализирале податоците од учесниците кои биле во средни години, се покажало дека задоволството во односите се пресудни за здрава старост. Луѓето кои имале силна мрежа блиски односи често биле поздрави и поотпорни во позрели години.

Роберт Волдингер, еден од водачите на истражувањето, повеќепати укажувал на резултатите: добрата поврзаност на луѓето допринесува за долг, среќен и здрав живот.

Осаменоста не е само емотивен проблем

Од друга страна, осаменоста и социјалната изолација се сериозен ризик за благосостојбата.

Овде е важно да се истакне дека не е важно да сте опкружени со луѓе, туку да имате квалитетни, стабилни односи кои ве поддржуваат.

Ова истражување продолжува

Иако не постои универзална формула за среќа, истражувањето нуди важна порака: дали ќе имаме смислен и поврзан живот можеби повеќе зависи од односите што ги градиме, отколку од успехот што го остваруваме.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата