Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Индонезиски рибари спасија 116 бегалци Рохинџи

30 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Групата испловила од бегалски камп во Бангладеш со надеж дека ќе стигнат до Индонезија или Малезија во потрага по подобар живот, но во меѓувреме нивниот чамец се насукал на остров во северната индонезиска провинција Ачех, соопшти локалната полиција.

„Локалните жители им помогнаа бидејќи изгледаа многу слабо поради глад и дехидрација“, соопшти полицијата, додавајќи дека, сепак, многу локални жители се против нивниот долгорочен престој.

Околу еден милион претежно муслимански Рохинџи живеат во Бангладеш како бегалци од Мјанмар, кои избегаа оттаму во 2017 година по бруталната кампања на тамошните безбедносни сили, кои во меѓувреме се обвинети за масовни силувања и убиства.

Индонезија побара помош од меѓународната заедница по драстичното зголемување на бројот на бегалци Рохинџи, кои од минатата година почнаа масовно да бегаат од преполните кампови во Бангладеш.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ