Националната награда за иновација е основана во 1919 година со цел да се охрабри и поттикне напредокот на научните технологии и индустрискиот развој во Јапонија.
Оваа Награда ги препознава пронајдоците, дизајните или идеите и лицата и компаниите кои дале значаен придонес, како и оние за кои се очекува да постигнат голем успех во иднина, за нивната извонредност.
На Националната награда за иновација во 2024 година, организирана од Јапонскиот институт за пронајдоци и иновации (JIII), Никон ја доби наградата за пронајдок за дизајнот на „Камера без огледало што ги прикажува напредните перформанси“ (Регистрација за дизајн бр. 1705265).
Оваа награда се однесува на техолошките иновации и дизајн на моделите Nikov Z9 i Nikon Z8 кои годинава доминираат на пазарот во својата класа и според продажба и според стручните рецезнии за квалитет и употреба.
Овој дизајн на камера без огледало за професионални корисници ги отелотворува високите очекувања и самодоверба на оние во различни области како што се спортот, новинарството и модата кои бараат нови начини да се изразат.
Дизајнот поседува две главни карактеристики. Прво, има беспрекорен страничен профил од држачот за објектив со голем дијаметар до визирот, ефективно покажувајќи впечаток на високи оптички перформанси и висок кваилтет на крајниот производ.
Вториот е едноставен, но цврст преден профил кој ја проектира доверливоста на камерата. Овој дизајн значително придонесува за унапредување на културата на сликање преку подобрување на вкупната вредност на брендот на целата серија, а моделите со овој дизајн се широко користени од професионални корисници.
<a href="https://www.nikon.com/company/technology/design/awards/">Tука можете да ги погледнете</a> претсижните глобални награди кои Nikon ги доби за дизајн и иновации