Гутереш го поздрави ослободувањето на израелско-американскиот заложник

13.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гутереш го поздрави ослободувањето на израелско-американскиот заложник

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, синоќа го поздрави ослободувањето на последниот жив израелско-американски заложник од Газа.

„Генералниот секретар го поздравува ослободувањето на Едан Александар, американско-израелски државјанин кој беше заложник во Газа од 7 октомври 2023 година. Нему му олесна што Александар е слободен и се враќа кај своето семејство, изјави портпаролот на Гутереш, Стефан Дужарик.

Гутереш повторно упати итен апел за запирање на борбите во Газа и нагласи потреба од ослободување на сите заложници.

Гутереш ги осуди хуманитарните последици и побара итна и безбедна испорака на помош за сите цивили во Газа.

Тој ги пофали дипломатските напори за прекин на конфликтот и ги охрабри сите страни да постигнат сеопфатен договор кој ќе го осигура ослободувањето на сите заложници и ќе го запре насилството.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата