Француски гинеколог осуден на 10 години затвор поради силување на девет пациентки

5.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Француски гинеколог осуден на 10 години затвор поради силување на девет пациентки

Триесет жени поднесоа пријави против 60-годишниот гинеколог, а тој е осуден за силување на девет пациентки.

Четири жени го обвинија за пенетрација со пенис, а други за неоправдани ректални прегледи.

Пациентките го обвинија лекарот и за „вагинални масажи“, кои гинекологот ги извршувал како неопходен третман за пациентките со ретроверзија на матката.

Гинекологот ги негира сите обвинувања, а неговите адвокати бараа ослободителна пресуда. Тој ќе биде во притвор во затворот во Ајтон и има 10 дена рок да поднесе жалба на пресудата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата