Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Финска на странците им подарува бесплатно патување за и тие да научат како да бидат среќни

24 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Првиот фински мастерклас за среќа ќе се одржи од 12 до 15 јуни во одморалиштето Куру, луксузно одморалиште покрај езеро во јужна Финска.

Според Visit Finland, „експертските обучувачи“ ќе опфатат четири теми за четирите дена:

• природата и начинот на живот

• здравје и рамнотежа

• дизајн и „секојдневно“

• храна и благосостојба.

Сепак, само десет луѓе ќе добијат шанса да учествуваат. За избраните, таксите за курсевите, плус патните трошоци, ќе бидат целосно покриени. Пријавите за присуство на мастеркласот се отворени до 2 април. Заинтересираните патници треба да пополнат формулар и тест на социјалните мрежи што открива „можеби сте тајно Финец“.

Од „ Visti Finland “ нагласуваат дека подоцна ќе добијат можност и други луѓе бидејќи на крајот на летото се планира уште еден мастерклас.

„Нема национална тајна зад финската среќа“, изјави Хели Хименез од владината организација Business Finland за медиумите. Со овие часови, Финците сакаат да докажат дека секој може да научи како да биде среќен.

За потсетување, Финска е прогласена за земја со најсреќна популација шеста година по ред, според World Happiness Report. Извештајот, кој се занимаваше и со ефектите од кризата предизвикана од коронавирусот врз благосостојбата на луѓето, секоја година го составуваат научници во САД врз основа на анкети на Институтот Галуп.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ