Федерален судија привремено ја суспендира одлуката на Трамп за Харвард

24.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Федерален судија привремено ја суспендира одлуката на Трамп за Харвард

 Федерален судија во САД привремено ја суспендира одлуката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да му го одземе правото на Универзитетот Харвард да прима странски студенти.

Со одлуката на судијата Кристофер Купер од Федералниот округ Колумбија, барем засега, не се нарушува статусот на странците кои студираат на една од најпрестижните високообразовни институции во САД.

Универзитетот Харвард веќе поднесе тужба против одлуката на администрацијата на Трамп.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата