Експертите не може да го изнесат делфинот Мимо од опасните води во Венеција (ВИДЕО)

17.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Експертите не може да го изнесат делфинот Мимо од опасните води во Венеција (ВИДЕО)

Конзерваторите и експертите се многу загрижени за неговиот опстанок: иако го привлекува вниманието на туристите, Мимо не е безбеден и сите се плашат за неговиот живот, бидејќи се движи во води каде што е загрозен од густ морски сообраќај, објави Индипендент.

Делфините се ретки во лагуната, која е светско наследство на УНЕСКО: два делфини беа видени во истата област во март 2021 година, кога ограничувањата на Ковид-19 ја намалија активноста на чамците.

Се верува дека Мимо влегол во лагуната кон крајот на јуни минатата година: досега, тој успешно ги избегнувал водните автобуси, таксињата и гондолите во прометната област на басенот Свети Марко, според морскиот биолог Лука Микано, раководител на Природонаучниот музеј во Венеција. Невообичаено е што делфинот продолжува да останува близу до плоштадот Свети Марко, дури и кога се храни и изгледа незабележливо поради бучавата од чамците и толпите.

Експертите се загрижени дека Мимо би можел да биде повреден од бродските пропелери, па затоа ги следат неговите движења дење и ноќе, но не се сигурни како да го охрабрат да ја напушти областа. Иако со доаѓањето на зимата, голем дел од рибите во овој дел од лагуната се преселија на отворено море, Мимо продолжува да доаѓа во овој дел од Венеција кој е преполн со туристи во секое време од годината.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Euromaxx (@dw_euromaxx)

Во моментов нема начин да се натера Мимо да ја напушти потенцијално опасната област на лагуната.

Делфините се познати по тоа што лесно и брзо воспоставуваат контакт со луѓето, но тоа често им носи многу повеќе штета отколку корист.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата