Еден месец уживање на планина: Бесплатно сместување и 400 евра надомест- се бараат волонтери за научен проект

26.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еден месец уживање на планина: Бесплатно сместување и 400 евра надомест- се бараат волонтери за научен проект

Студијата има за цел да истражи како човечкото тело реагира и се прилагодува на условите на планина, а учесниците ќе добијат бесплатно сместување, храна и паричен надомест од 400 евра.

Програмата е поделена во неколку фази

Програмата ќе трае околу пет недели, од средината на август до почетокот на октомври, и ќе биде поделена во неколку фази, објавува Click.

Првата недела ќе се одвива на пониска надморска височина во градот Силандро, каде што волонтерите ќе бидат подложени на основни медицински прегледи и тестови.

Потоа ќе следат четири недели во планинско засолниште во Алпите, на надморска височина од над 2.300 метри, по што учесниците ќе се вратат во Болцано за финални медицински прегледи.

Истражувачите ќе следат голем број здравствени индикатори, вклучувајќи го функционирањето на нервниот систем, функцијата на крвните садови, квалитетот на спиењето, метаболизмот и физичката издржливост.

Значење за медицината, спортот и рекреацијата

Во слободното време, учесниците ќе можат да работат од далечина, да учат или едноставно да уживаат во планинскиот пејзаж.

Покрај тоа, од нив се очекува да ја одржат својата вообичаена физичка активност и да останат во просторот предвиден за студијата.

Научниците нагласуваат дека резултатите од истражувањето ќе помогнат подобро да се разбере како човечкото тело се прилагодува на условите на голема надморска височина, што може да има значење и во медицината и во спортот и рекреацијата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата