Како и секогаш, најмладите членови на кралското семејство привлекоа најголемо внимание и од медиумите и од јавноста, пренесе Ледбајбл.
Слатко видео во кое се појавуваат принцовите Џорџ и Луис веќе е широко споделувано на социјалните мрежи.
На видеото се гледа како Џорџ ги мести шишките поради ветерот, а кога неговиот помлад брат видел што прави, веднаш го имитирал.
На многу луѓе овој потег на најмладиот син на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон им се допадна.
Prince George fixing his hair 😎
— EMI (@EmiliaA37440110) May 5, 2025
Prince Louis 1 second later 🤭 pic.twitter.com/eBlM64lQBj
Кејт носеше фустан од Емилија Викстед, шапка од Шон Барат и брош со крило од RAF.
Нејзиниот дедо служел во Кралските воздухопловни сили како пилот за време на Втората светска војна.
Таа му оддаде почит на својот предок со овој детаљ.
Британското кралско семејство е целосно посветено на настаните што го одбележуваат Денот на победата над Европа оваа недела и ја слават „несебичната посветеност, должност и служба“ на воената генерација, и покрај интервјуто на принцот Хари, објави „Скај њуз“.
Зборувајќи денеска пред настанот во центарот на Лондон, помошник на палатата рече дека британскиот крал Чарлс, кралицата Камила и другите членови на кралското семејство со нетрпение ги очекуваат сите настани по повод Денот на победата оваа недела, кога ќе им се придружат на остатокот од нацијата, како и на членовите на Комонвелтот и од целиот свет, во прославувањето, одбележувањето и изразувањето благодарност до воената генерација, чија несебична посветеност, должност и служба треба да останат траен пример за сите и никогаш не смеат да бидат заборавени.
Разбирливо е дека членовите на семејството сакаат, од почит кон преживеаните ветерани, ништо да не „одвлекува внимание “ од прославата на драгоцената победа и храбрите луѓе кои учествуваа во неа.