Драматични сцени по земјотрес во Панама: Згради се нишаат, оштетени цркви и хотели...

10.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Драматични сцени по земјотрес во Панама: Згради се нишаат, оштетени цркви и хотели...

Особена загриженост предизвикуваат сцените од градот Пенономе, оддалечен повеќе од сто километри од епицентарот, каде што се оштетени цркви, хотели и други објекти.

Земјотресот беше почувствуван и во соседните држави, додека надлежните служби продолжуваат да ги проценуваат последиците. Според првичните податоци од Институтот за геонауки при Универзитетот во Панама, земјотресот имал магнитуда од 7, а жариштето било на длабочина од десет километри, на околу 39 километри западно од Тоноси.

Сепак, подоцнежните анализи на меѓународните сеизмолошки институции укажаа на посилно тресење на тлото.

Американскиот геолошки институт (USGS), во еден од своите прелиминарни извештаи, ја процени магнитудата на 7,7 и предупреди на можноста од човечки жртви и голема материјална штета.

Бројни видеа што набрзо се појавија на интернет сведочат за силината на земјотресот. Жителите опишуваат како зградите силно се нишале, предмети паѓале од мебелот, а многумина во страв истрчале надвор од своите домови.

Според информациите објавени од CNN, потврдена е автентичноста на снимките од Пенономе на кои се гледаат тешко оштетени згради.

Меѓу нив е и црква чија камбанарија делумно се урнала, додека оштетен е и дел од надворешната фасада на друга зграда.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата