Раководителката на „ОРФ“, Ингрид Турнер, инаку новинарка и водителка со искуство, привремено ќе ја преземе функцијата извршен директор. Во соопштението, инаку, се вели дека Роланд Вајсман (57) самиот дал оставка, дека „ОРФ“ му се заблагодарува за неговите 30 години во компанијата и оти обвинението мора да се истражи брзо и транспарентно.
„Последниве денови, вработена во 'ОРФ' изнесе обвинувања за сексуално вознемирување против генералниот директор. Роланд Вајсман ги негира обвинувањата“, соопшти радиодифузерот.
Кратко потоа, адвокатот на Вајсман, Оливер Шербаум изјави дека надзорниот одбор на „ОРФ“ го информирал Вајсман за обвинувањата, кои требаше да започнат во 2022 година, и му дал неколку дена да се повлече.
- Вајсман сè уште не ги добил сите подробности за обвинувањата против него. Сепак, за да се избегне штета за компанијата, тој бил подготвен да направи големи отстапки и затоа поднел оставка од функцијата извршен директор со непосреден ефект, појасни Шербаум.
Вајсман го водеше „ОРФ“ четири години. Телевизиската компанија требаше да одлучи подоцна оваа година дали ќе добие втор петгодишен мандат или ќе биде назначен нов извршен директор.
