Но, покрај овие вообичаени знаци, постојат и помалку познати симптоми кои можат да изненадат многу жени, предупредува платформата Balance.
Менопаузата го означува крајот на репродуктивниот период, предизвикан од падот на нивото на естроген и прогестерон. Додека некои жени минуваат низ постепена перименопауза, други се соочуваат со ненадејни промени. Еве десет необични симптоми кои може да укажуваат на почетокот на оваа фаза.
Ладни бранови
Покрај познатите топли бранови, некои жени доживуваат ненадејни чувства на студ, како треперење, кое трае од неколку секунди до неколку минути. Експертите сметаат дека причината се хормоналните промени во хипоталамусот, делот од мозокот кој ја регулира телесната температура.
Суви очи
Чувството на сувост, печење или заматен вид може да личи на алергии, но често се поврзува со менопауза. Според студија од 2017 година, падот на нивото на тестостерон го намалува производството на солзниот филм, што може да биде особено предизвик за жените кои работат на компјутер.
Кршливи нокти
Ноктите кои стануваат потенки, помеки или лесно се кршат може да го сигнализираат доаѓањето на менопаузата. Ова се должи на намалувањето на кератинот, протеин кој зависи од хормоните како што се естрадиол и прогестерон.
Киселина
Непријатното чувство на печење во стомакот, често придружено со надуеност или лош здив, може да се влоши за време на менопаузата поради хормоналните флуктуации, но и стресот, лошата исхрана или консумирањето алкохол.
Вртоглавица
Покрај менталната магла, многу жени доживуваат повремени вртоглавици, особено за време на туширање со топла вода. Причината може да бидат промените во нивото на хормоните кои влијаат на протокот на крв и рамнотежа.
Променето сетило за мирис
Некои жени забележуваат дека помалку чувствуваат мириси, додека други стануваат преосетливи на одредени ароми. Хормоналните промени влијаат на мозокот, кој ги обработува мирисите и вкусовите.
Зуење во ушите
Тинитус, односно зуење или шум во ушите, може да се појави за време на менопаузата, предизвикувајќи стрес, несоница или тешкотии со фокусирањето. Според истражувањето од 2022 година, 19% од жените во перименопауза или менопауза го пријавиле овој симптом.
Чувство на пецкање во устата
Чувството на пецкање на јазикот, непцата или во внатрешноста на образите, слично на чувството по консумирање врел напиток, може да биде поврзано со пад на хормоните кои го поддржуваат оралното здравје, предизвикувајќи сувост или дури и пародонтални проблеми.
Чешање на кожата
Сува, груба кожа или необјаснето чешање се вообичаени за време на менопаузата. Намалувањето на колагенот поради падот на хормоните може да доведе до потенка кожа и појава на брчки.
Срцебиење
Може да се појави ненадејно чувство на забрзана работа на срцето, кое трае од неколку секунди до неколку минути, се појавува најчесто со топлите бранови, ноќното потење или вртоглавицата, што сигнализира хормонални промени.