„Сега сме во топ шест и останаа бармени со години искуство. Се’ станува напнато, иако можеби не изгледа така“, рече Бобан Лазаревиќ.
Во деветата епизода на Коктел Мастер – Бадел Мастерклас, натпреварувачите се соочија со нов предизвик. Жирито ги подели во парови, а секој тандем имаше задача да направи четири идентични летни коктели со вотка Svarog.
Фото: Бадел Мастерклас
На Вања четвртфиналето му падна најтешко
Тајната состојка? Јаболко и морков – комбинација што изненади многумина. Иако делуваше лесно, предизвикот покажа кој има вистинска вештина.
Коктел Мастер стигна во Скопје! Погледнете ја епизодата од шоу на Канал 5 YouTube
Иако жирито беше импресионирано, еден натпреварувач испадна во “патната рунда”, што особено го шокираше Вања.