Британски аристократ бара млада сопруга, условите се неверојатни

16.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британски аристократ бара млада сопруга, условите се неверојатни

Слејд, седми баронет од Сомерсет, наведува дека идната партнерка мора да биде најмалку 20 години помлада од него, а за возврат би добила имот на свое име.  Покрај возраста, тој поставил и низа други критериуми: идната сопруга не смее да биде Шкорпија во хороскоп, мора да има возачка дозвола, а пожелно е и да знае да управува со хеликоптер. Употребата на алкохол и дрога е забранета.

Тој бара жената да потекнува од угледно семејство и, доколку е можно, да има сопствен грб. Исклучени се кандидатки од земји чие име почнува со буквата „И“ или чие државно знаме содржи зелена боја, со исклучок на Италија и северна Индија. Тој дополнително ги исклучил Шкотланѓанките, лезбејките и комунистките.

-Не ми пречат канаѓанки, американки, германки и северноевропјанки - луѓе кои ги сметам за слични на мене, изјави Слејд.

Од идната сопруга очекува и да ги владее стандардните танци, да знае да ракува со ловечка пушка, да не го чита весникот Гардијан (The Guardian), да не биде повисока од 165 сантиметри и да води активен животен стил. Свесен за строгоста на своите критериуми, Слејд вели дека на жената што ќе ги исполни би ѝ понудил годишна плата од околу 58.000 евра за управување со неговиот имот од 1.300 хектари, како и дополнителни бенефиции, вклучувајќи дом, автомобил и покриени трошоци. Иако веќе има ќерка, Вајолет, од врска со американската поетеса, Слејд, наведува дека никогаш не ја запознал и дека и понатаму инсистира на машки наследник за продолжување на семејната традиција и грижа за имотот. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата