Патролата пристигнала на местото на настанот и ја забележале осомничената како се обидува да побегне, управувајќи со електрична инвалидска количка. Сцената ја снимил еден од сведоците и набрзо била објавена на социјалните мрежи.
На видеото гледаме полициско возило и жена на јавен пат. Таа маневрира со електрична инвалидска количка, додека полицијата се обидува да ја забави и да и го блокира патот, пишува Дејли Стар.
Необичната потера, со свирење сирени, завршила со апсење на 33-годишната осомничена жена.
@bnidniz That’s embarrassing #sheffield #police ♬ original sound - bnidniz
„Нашите службеници го примија повикот во неделата, околу 12.15 часот и веднаш излегоа на местото на настанот. Се верува дека непозната жена украла вредна стока и го напуштила местото во електрична инвалидска количка. Се движела непредвидливо, додека полициските службеници се обидувале да ја спречат, загрижени за нејзината безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.“
Надлежните потврдија дека жената е приведена, а украдените предмети се пронајдени. Таа го признала делото, а случајот ќе се решава вонсудски.