Бразилските судови ќе одлучуваат за старателството над милениците по разделба на паровите

3.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бразилските судови ќе одлучуваат за старателството над милениците по разделба на паровите

Во документот се наведува дека во случаи кога парот ќе се раздели без претходен договор околу тоа кај кого ќе остане миленикот, судијата одлучува за заедничко старателство и правична распределба на трошоците за издржување на животното меѓу двете страни.

Според податоците на Институтот Пет Бразил, оваа јужноамериканска држава со 213 милиони жители во моментов има околу 160 милиони домашни миленици. Во образложението на законот се додава дека паровите со помал број деца вообичаено развиваат поблиски односи со своите миленици, кои, како што се наведува, често се сметаат за „вистински членови“ на семејството.

„Услов за примена на законот е животното да има поминато поголем дел од својот живот со парот што се разделува. Заедничко старателство нема да се доделува во случаи кога постои претходно криминално досие, историја на семејно насилство или ризик од негово повторување“, информираше Би-Би-Си.

Пратениците посочуваат дека во последниве години е забележан раст на судски спорови поврзани со старателството над домашни миленици, нагласувајќи дека законот претставува одговор за промените што се случиле во бразилското општество во изминатите децении.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата