Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Бизнисмен ја изеде бананата, што пред неколку дена ја плати 6,2 милиони долари (ВИДЕО)

29 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Освен што купил банана со селотејп, добил и сертификат за автентичност и упатство за замена на овошјето кога на крајот ќе изгние.

Меѓутоа, тогаш најавил дека ќе ја изеде бананата пред да изгние, што и го направи сега. Тој објасни дека тоа е негов метод на „почитување на неговото место во историјата на уметноста и популарната култура“.

Сан денеска го исполни своето ветување во хотелот Peninsula, еден од најлуксузните хотели во Хонг Конг. Тој одржа говор пред новинари и инфлуенсери, илустрирајќи ги паралелите помеѓу концептуалната уметност и криптовалутата. Како спомен, секој учесник доби ролна селотејп и банана.

Додека ја јадеше бананата рече дека е „подобра од другите“. „Јадењето банана на прес-конференција може да стане дел од историјата на уметноста“, рече тој.

За потсетување, бананата залепена за ѕид со изолациона лента е концептуално уметничко дело наречено Комичар. Стана вирална сензација откако италијанскиот уметник Маурицио Кателан го откри во 2019 година. Посетителите се обидоа да откријат дали парчето овошје залепено на белиот ѕид е шега или духовит коментар за сомнителните стандарди на колекционерите на уметнички дела.

Аукциската куќа Сотби објасни како делото брзо стана глобална вирална сензација која привлече рекордна посетеност, ги преплави социјалните мрежи, стана насловна страница на Њујорк пост и ги подели публиката и критичарите.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ