Надзорната камера го снимила моментот кога заскитан бик скокнал врз паркиран скутер, а потоа го „возел“ по улицата, пред зачудените минувачи.
Неславен крај на авантурата
Бикот прво го помириса скутерот, а потоа ги стави предните нозе на седиштето. Тој не очекувал дека ќе биде поместен од сопствената тежина, а луѓето морале да се тргнат од патот, објавува UPI.com.
„Возењето“ нагло завршува откако скутерот се судира со блиската ограда и се превртува на страна.
Се чини дека бикот не бил повреден во инцидентот, и го напуштил „местото на злосторството“ и исчезнал во непознат правец.