Платформата за споделување слики, „Пинтерест“ нема да биде вклучена во новите мерки.
„Твич“ ќе ги деактивира профилите на малолетните корисници од 9 јануари и ќе спречи креирање нови профили од лица под 16 години. Комесарот рече дека иако „Пинтерест“ дозволува одредена социјална интеракција, неговата примарна цел е да собира слики и да генерира идеи, па затоа не спаѓа во таа категорија социјални медиуми.
Според новите правила, компаниите коишто нема да ја почитуваат забраната би можеле да се соочат со казни и до 32 милиони долари.
Порано овој месец, мерките за забрана и ограничувањето во однос на возраста, ги опфатија „Редит“, „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Снепчет“, „Тредс”, „Инстаграм” „Кик“,, „Тик-ток”, „Икс” и „Јутјуб“.

