Анкета: Лажните интернет-продавници измамуваат еден од осум купувачи во Германија

6.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Анкета: Лажните интернет-продавници измамуваат еден од осум купувачи во Германија

 Анкетата ја спроведе институтот за анкети „Форса“ во име на германските потрошувачи, пренеува ДПА.

Измамничките веб-страници имитираат легитимни интернет-продавници, т.е. примаат уплата на пари - но купената стока никогаш не пристигнува. Следствено, застапниците на потрошувачите велат дека големите интернет-платформи како што се „Гугл“ и „Мета“ мора да сторат повеќе за да ги заштитат корисниците. Околу половина од лажните продавници забележани и испитани од тамошниот сојуз на потрошувачите имале реклами на овие платформи.

- Компаниите што заработуваат пари од рекламирање, не можат да избегнат одговорност, изјави претседателката на сојузот, Рамона Поп.

Се очекува поделотворна заштита на потрошувачите да биде дискутирана денеска, на Конференцијата за Денот на германскиот потрошувач во Берлин. Репрезентативната анкета беше спроведена меѓу 1. и 12 септември, меѓу 1.503 лица на возраст од 14 години и повеќе и има статистичка маргина на грешка од три процентни поени. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата