Според резултатите, ставовите се поделени според политичката припадност: 59 отсто од симпатизерите на опозициската партија „Тиса“ би прифатиле забрана дури и по цена на драстично поскапување на енергенсите, додека 96 отсто од поддржувачите на владејачката партија остро се противат на таков потег.
„Поголемото мнозинство на поддржувачите на коалицијата ФИДЕС-Христијандемократи ја поддржуваат владината прагматична позиција и не би ги прекинале трговските врски со Русија,“ наведува агенцијата.