Американски бискуп бара Трамп да се извини што се прикажа како папа

5.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американски бискуп бара Трамп да се извини што се прикажа како папа

Една недела откако присуствуваше на погребот на папата Франциск, Трамп на социјалните мрежи сподели слика од себе генерирана од вештачка интелигенција облечен во белата папска одора.

„Ова е длабоко навредливо за католиците, особено во ова свето време кога сè уште жалиме за смртта на папата Франциск“, рече бискупот Папроки од американската држава Илиноис во објава на социјалните мрежи.

„Со објавувањето на сликата преправен како папа, претседателот Трамп се потсмева на Бога, Католичката црква и папството“, рече бискупот.

Ватикан сè уште не издаде официјален коментар за папската фотографија на Трамп, која тој во саботата ја објави на својот профил на Truth Social и беше споделена од официјалниот профил на Белата куќа на мрежата X .

На неа се гледа како носи бела мантија позната како мантија што обично ја носи понтифот на Католичката црква, како и златен ланец со крст околу вратот и раскошна митра како украс за глава.

Трамп претходно се пошегува дека самиот тој ќе биде „број еден“ за следен папа.

По смртта на папата Франциск, Католичката црква се подготвува за избор на нов поглавар. Конклавата на подобни кардинали започнува в среда.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата