Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Американец го паркирал своето Ферари среде главниот плоштад во Фиренца, сите згрозени

22 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Американските туристи имаат репутација на добри потрошувачи, но често се однесуваат непромислено, па дури и арогантно. Во таа насока оди и последниот пример од Италија. Имено, американски турист се возел во спортски автомобил среде главниот плоштад во Фиренца и таму се паркирал.

Познатиот Пјаца дела Сињорија бил изграден во 1330 година и е опкружен со многу историски знаменитости, вклучувајќи копија од скулптурата на Давид на Микеланџело и градското собрание. Полицијата не можела да остане имуна на ваквиот прекршок, па навремено реагирале. Во официјалното соопштение се наведува дека туристот на 20 март „неразумно возел“ на Виа де Гонди, а потоа го паркирал својот автомобил на плоштадот во 13 часот и 15 минути. Полициските службеници веднаш го идентификувале 43-годишниот возач, кој немал валидна меѓународна возачка дозвола, а на тоа го додале и прекршокот паркирање во пешачка зона и возење во погрешен правец. Морал да плати казна од 470 евра.

Целиот настан го пренесе и Си-Ен-Ен, нагласувајќи дека ова не е прв случај Американците грубо да ги прекршуваат сообраќајните правила во Фиренца. Само еден месец претходно, турист од Калифорнија возел изнајмена „фиат панда“ преку средновековниот мост Понте Векио над реката Арно, наменет само за пешаци. Платил казна од 500 евра.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ