Ако сакате да доживеете стотка, усвојте неколку едноставни навики!

12.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ако сакате да доживеете стотка, усвојте неколку едноставни навики!

 Сепак, 54 проценти од луѓето сонуваат да доживеат до сто години. Според некои експерти, меѓу кои и специјалистот и професор по геријатрија д-р Наушир Пандја и геријатрискиот лекар д-р Гари Смол, тајната на долговечноста не мора да вклучува скапи и ексклузивни третмани - многу зависи од секојдневните навики, особено од тоа како го започнуваме денот. Затоа, тие споделија пет навики на луѓето кои живеат до сто години.

Тие стануваат рано.

Д-р Пандја објаснува дека луѓето кои живеат долго време честопати стануваат рано, штом ќе се раздени, но затоа си легнуваат порано и спијат седум до девет часа секоја ноќ. „Спиењето е клучно за сите, но особено за постарите лица“, нагласува тaa за „Парада“. Д-р Смол додава: „За време на спиењето, мозокот ги чисти акумулираните отпадни производи и го отстранува амилоидот, протеин поврзан со Алцхајмеровата болест.“

Тие пијат вода веднаш штом ќе се разбудат

Д-р Пандја истакнува дека многу стогодишници го започнуваат денот со неколку чаши топла вода или вода со лимон. „Тие се многу внимателни во врска со хидратацијата“, вели таа. Редовната хидратација помага во одржувањето на здравјето на срцето, белите дробови и генерално, го забавува биолошкото стареење.

Тие си оставаат време за размислување

Според д-р Пандја, многу луѓе кои доживуваат поодмината возраст, наутро одвојуваат време за размислување. Наместо веднаш да посегнат по мобилниот телефон или да се предадат на стресот, тие одвојуваат неколку минути, на пример, за молитва или медитација. „Тоа е време да се „приберете“ и да им дозволите на вашето тело и ум да се смират пред да го започнете денот“, објаснува таа.

Наутро веднаш се движат

„Некои од луѓето кои доживуваат стока, наутро седат во дворот, некои се истегнуваат пред и по туширањето, а многумина се одлучуваат за опуштена прошетка“, вели д-р Пандја.

Д-р Смол препорачува: „Правете нешто секој ден, како на пример, прошетка со пријателот, бидејќи зборувањето додека одите ги активира невронските кола кои помагаат во намалувањето на нивото на стрес“.

Генетиката игра улога, но не е одлучувачка

Иако генетиката игра важна улога во долговечноста, таа не е пресудна. „Една третина од долговечноста се базира на генетиката. Сепак, важно е да се фокусираме на она што можеме да го контролираме. Околината што ја создаваме и животните навики што ги усвојуваме можат да ни дадат предност во долговечноста“, заклучува д-р Пандија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата