Тесла го претстави своето робо такси Cybercab во
Калифорнија, а цената беше тема на дебата по церемонијата.
Автомобилот нема ниту волан, ниту педали, а Маск излезе на
сцената и рече дека „има уште 20 вакви“. Тој зборуваше за тоа како сегашните
транспортни средства се „глупости“, и како автономните автомобили „ќе заштедат
време на луѓето и ќе бидат 10 пати побезбедни“.
Маск рече дека цената на автономниот транспорт ќе биде толку
ниска што ќе може да се спореди со масовниот транспорт. Тој исто така потврди
дека роботаксито ќе биде во продажба и изјави дека очекува да чини помалку од
30.000 долари.
Во неговата визија за иднината, луѓето поседуваат неколку
роботски такси и заработуваат преку мрежа за споделување на возење. На
прашањето кога моделот ќе биде достапен, тој одговори дека Tesla ќе започне со
изградба на целосно автономен режим за целосно самостојно возење за Model 3 и
Model Y во Калифорнија.
Што се однесува до Cybercab, тој треба да започне со
производство пред 2027 година, но самиот Маск изјави дека „може да биде многу
оптимист кога се во прашање роковите“. Кога станува збор за технологијата што
ја користи ова возило, тој истакна дека се работи за „ВИ и визија“, и дека не
му е потребна скапа опрема.
Овој автомобил, можеби треба да се забележи, нема приклучок
за полнење, но наместо тоа користи индуктивно полнење, т.е. безжично полнење.
По робот-таксито, Маск накратко го претстави и Robovan -
автономно комбе кое може да превезува до 20 луѓе и стока, додавајќи дека на
овој начин дополнително ќе се намалат трошоците за превоз и патување, бидејќи
ќе можат да го користат големи групи како како спортски тимови.