Експертите за езотерија тврдат дека многу е важен датумот на кој ја украсувате елката. Така, доколку сакате да привлечете љубов и благосостојба во својот дом, обрнете внимание на следните датуми.
<b>18 декември – ден пред Свети Никола</b>
Се смета дека украсувањето на елката на овој датум привлекува просперитет и финансиска стабилност во куќата и животот. Идеално е покрај елката да ставите некој ситен подарок за децата кои ќе ги назначите дека се од Свети Никола. Тоа на целата атмосфера ќе ѝ дадете празничен карактер.
<b>22 декември</b>
Доколку сте изморени од животните проблеми и неволји, идеално би било елката да ја накитите баш на 22 декември. Оние кои веруваат во езотерија велат дека овој датум ќе им донесе заштита во текот на целата година.
<b>24 декември</b>
Поради тоа што оваа вечер е Бадник по грегоријанскиот календар, се смета и за време на чуда. Се верува дека оваа вечер треба да се накити елката и на тој начин ќе се привлече богатство.
<b>25 декември </b>– католички Божиќ
Четвртата опција е дека елката треба да ја накитите на денот на Христовото раѓање, така ќе привлечете здравје, среќа и љубов во својот дом.
<b>28 декември</b>
Се верува дека луѓето кои ќе ја накитат елката на овој датум ќе ја заштити куќата од зло. Добро е овој ден да прочитате молитва за здравјето на целото семејство.