Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Вил Фарел (56) сака да биде прогласен за најсекси маж на светот за 2024. : Гласајте (ВИДЕО)

11 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тој изјави дека би сакал да се појави на насловната страница на магазинот како најсекси маж во светот на шоубизот бидејќи „комедијантите никогаш не победуваат“.

„Ајде, гласајте за комичарите“, порача тој. Магазинот People на својот Инстаграм профил објави фотографија од 56-годишниот актер, а многу фанови во коментарите напишаа дека навистина ја заслужува титулата што ја посакува.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by People Magazine (@people)

„Тој е смешен и тоа е секси“, „Се надевам дека ќе ја добие титулата“, „Се согласувам со него“, „Секси и смешен. Ти го имаш мојот глас“, „Ова е најсмешниот маж на светот. Се надевам дека ќе ја оствари својата желба“, се дел од коментарите.

Сепак, комичар веќе бил прогласен за најсекси маж на светот. Станува збор за Пол Руд, кој ја доби таа титула од магазинот People во 2021 година. Кога дознал дека е прогласен за најсекси маж во 2021 година, Руд бил многу изненаден.

 "Свесен сум дека луѓето ќе се изненадат кога ќе слушнат дека ќе бидам прогласен за најсекси маж на светот. Ова не е лажна скромност. Има толку многу луѓе кои треба да го добијат ова пред мене", рекол тогаш актерот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ