Видео: Селин Дион падна на сцената: Нејзината реакција стана хит на социјалните мрежи

9.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Селин Дион падна на сцената: Нејзината реакција стана хит на социјалните мрежи

Несреќата се случи во Нантер, каде што пејачката одржува концерти во рамките на серијата настапи „Celine Dion Paris 2026-2027“.

За време на изведбата на една од песните, Селин Дион ја изгуби рамнотежата и падна. Таа падна на задникот, но успеа да го ублажи падот со раката.

Веднаш стана, покажа палец нагоре за да ѝ стави до знаење на публиката дека е добро и продолжи да пее.

Селин Дион се повлече од концертните сцени во последниве години поради „синдромот на вкочанета личност“ – ретко невролошко нарушување што предизвикува вкочанетост на мускулите и болни грчеви.

И покрај здравствените проблеми, пејачката им се врати на настапите пред публика во 2024 година со спектакуларен настап на отворањето на Олимписките игри во Париз. Сега, со нова серија концерти, таа се враќа на редовните настапи.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата