Видео: Милијардерка сама избира и купува компири во маркет

12.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Милијардерка сама избира и купува компири во маркет

Деновиве популарната Рири е „фатена“ како влегува во супермаркет во Лос Анџелес облечена од глава до пети во црно, а сепак беше невозможно да не се забележи.

Доказ за ова е возрасната жена која пазарува зад неа и била толку изненадена од глетката што случајно ја зграпчила количката на Ријана, мислејќи дека е нејзина.

Ријана  воодушевена од постапката на жената  уште еднаш докажа дека воопшто нема суета.

А како дополнителен доказ дека Ријана е навистина приземјена личност, е фактот дека популарната Рири, исто како и сите ние, внимателно ги одбра компирите, очигледно барајќи го најдоброто. Сепак, ова не беше обична самостојна набавка.

Ријана беше внимателно следена од телохранител, па дури и нејзиниот личен готвач беше со неа, веројатно на готовност, за пејачката да ги избере само најдобрите и најквалитетните состојки, објавува CdM.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата