Таа сподели серија промотивни фотографии на социјалните мрежи, откривајќи го својот изглед во „Fortnite“ и промените во облеката и косата - познати како скинови - кои ќе им бидат достапни на играчите од 13 декември.
„Fortnite“, исто така, ја објави соработката во трејлер на Инстаграм, на кој се гледа како ко-основачот на „Skims“ презема различни улоги, а нараторот вели: „Ким Кардашијан е мајка, претприемач, модна икона, ТВ ѕвезда, а сега го презема „Fortnite““.
Таа имаше своја игра
Ова е првата соработка на Кардашијан со видео игра, додека ги следи стапките на други ѕвезди кои претходно се појавија во „Fortnite“, вклучувајќи ги пејачките Сабрина Карпентер и Аријана Гранде, и раперот Еминем.
Кардашијан претходно се појави во својата видео игра, „Kim Kardashian: Hollywood“, но таа беше прекината во 2024 година, една деценија откако беше лансирана.

