Пејачката најпрво се јавила во приватна здравствена установа поради општа слабост, малаксаност и поради тоа што целата лева страна од телото ѝ била вкочанета, пренесуваат локалните медиуми.
Како што пишуваат медиумите, Весна најпрво контактирала приватна здравствена установа, по што тие повикале Брза помош поради промени на ЕКГ-снимката, па таа била упатена во Ургентниот центар.
Веќе била во болница
Потсетуваме, ова не е првпат Весна да повика Брза помош, бидејќи пред неколку месеци исто така била во здравствена установа. По тој настан таа се чувствувала добро – сѐ до сега.
Инаку, Змијанац и претходно имала кардиоваскуларни проблеми, поради што веќе била на лекување. На Весна во април 2023 година ѝ бил вграден бајпас, но по неколкумесечно закрепнување на својот имот на Букуља, музичката ѕвезда повторно се вратила на сцената.
Покрај тоа, ова не е единствениот здравствен проблем со кој се соочила во изминатиот период. Пејачката имала проблеми и со штитната жлезда.
Пренесува: Блиц

