Според досегашните оценки на критичарите, главни фаворити за најдобар филм се „Грешници“ на Рајан Куглер со рекордни 16 номинации и „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон – со 13 можности за најпрестижната златна статуетка. И двата наслови комбинираат силна критика за социјалните прашања и содржат извонредна глума. Иако „Една битка по друга“ изгледаше како фаворит на почетокот на сезоната на наградите, вечерва ќе се знае дали „Грешници“ ќе ги оправда рекордните номинации. Меѓу другите 10 номинирани за најдобар филм се и: „Сентиментална вредност“, „Врвниот марти“, „Хамнет“ и „Бугонија“. Скоро сите тие се номинирани и во категориите за режија, како и оригинално и адаптирано сценарио..

