Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Том Хенкс со години се бори со тешка болест: Бев идиот, јадев сѐ што сакав

28 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Познатиот холивудски актер во една прилика откри дека долго време се бори со високото ниво на шеќер во крвта и изјави дека за тоа придонеле неговиот начин на живот и семејната историја на дијабетес.

„Дел од тоа се моите гени, а дел е ужасниот начин на живот што го живеев. Јадев што сакав. Отидов на лекар и тој ми рече: „Знаеш со тој висок шеќер во крвта 36? Па, имаш дијабетес тип 2“, рече тој во претходно интервју за Радио Тајмс.

Хенкс рече дека бил „целосен идиот“ кога станува збор за неговиот однос со храната. “Јас сум дел од мрзливата американска генерација. Ме гледавте во филмовите, знаете како изгледав. Бев тотален идиот. Мислев дека можам да се извлечам со тоа што ќе го извадам лепчето од чизбургерот“, призна Хенкс.

Денеска се труди да вежба секој ден. „Може да биде сè; лента за трчање, прошетка или планинарење со кучето, но мора да трае еден час секој ден“, истакна актерот и опиша како лекарите му рекле дека нема да треба да зема инсулин ако се хранел здраво.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ