Тајната на вечната младост на Рис Витерспун: Еве како актерката во 50-тата година изгледа како да има 20 години – детална програма

22.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тајната на вечната младост на Рис Витерспун: Еве како актерката во 50-тата година изгледа како да има 20 години – детална програма

Еве детален увид во нејзините навики во исхраната, вежбање и нега на кожата.

Железна дисциплина

Кога станува збор за фитнесот, Рис е исклучително дисциплинирана и се обидува да вежба секој ден. „Вежбам секој ден и се хранам здраво, без разлика што се случува во мојот живот“, рече актерката. Дури и кога работи до доцна во ноќта, таа се грижи за својот ум и тело.

Нејзиниот личен тренер, Киршен Кац, открива дека режимот на актерката често започнува со лесно трчање од пет до осум километри. Потоа следат вежби за сила за горниот дел од телото, по што следи 30 минути јога. Вежбањето го завршува со вежби за дишење. Покрај фитнесот и јогата, Рис ја одржува формата со пешачење и играње пиклбол (популарен спорт сличен на тенисот).

Зелено смути кое „ги избелува белките на очите“

Исхраната на Рис Витерспун се базира на рамнотежа, а нејзиниот ден неизбежно започнува со зелен напиток. „Секое утро правам зелено смути. Ставам спанаќ, зелена салата, јаболко, круша, банана и цел лимон“, откри таа во еден подкаст.

Иако овој рецепт можеби не им звучи привлечно на многумина, Рис тврди дека го пие веќе 10 години и дека е одговорен за нејзината чиста кожа, силна коса, па дури и за „белките на очите“. Рецептот го добила од нејзината колешка Кери Вашингтон, која на една церемонија на доделување награди ја прашала на што се должи нејзината блескава кожа. Таа не додава суплементи во своите смутија, туку се потпира исклучиво на свежи состојки.

Диета без ригорозни диети

Рис не верува во екстремни диети. Нејзиното дневно мени обично изгледа вака:

11:00 часот: Ужина - јаболко со путер од кикирики.

Ручек: Салата од кељ со леќа или пилешко на скара.

16:00 часот: Чај и бисквити

Вечера: Пилешко или риба со темнозелен лиснат зеленчук.

Иако денес внимава што јаде, таа призна дека тоа не било секогаш случај. Бидејќи доаѓа од Нешвил, таа не ги разбирала основите на исхраната сè додека колегите не ѝ објасниле дека нема да може да издржи 15-часовен работен ден без доволно „гориво“. Сепак, си дозволува да погреши некои денови, па се препушта на пржен стек, тестенини или домашно топло чоколадо.

Нега на кожа

Актерката стана заштитно лице на брендот Biossance во 2021 година, а нејзините омилени производи вклучуваат масло од шипка, крема за околу очи со морски алги и серум со витамин Ц за блескав тен. Таа исто така е долгогодишен фан на брендот на Elizabeth Arden, чии пробиотски производи за чистење на организмот редовно ги користи.

Сепак, има еден чекор што Риз никогаш не го прескокнува, а тоа е кремата со заштитен фактор (SPF). „Многу зборуваме за кремите за сончање. Она што ќе го направите за вашата кожа во раните 20-ти години, се гледа подоцна во животот. Затоа нанесувањето крема зсо заштитен фактор двапати дневно е најважен дел од негата на кожата“, изјавила актерката.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата