Страшни детали за убиството на девојче, за што е обвинет рапер: Не се ни обиде да ѝ го спаси животот

1.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Страшни детали за убиството на девојче, за што е обвинет рапер: Не се ни обиде да ѝ го спаси животот

Канцеларијата на окружниот обвинител на Лос Анџелес објави шокантни нови детали во случајот против популарниот американски рапер Дејвид Ентони Бурк, попознат по неговото уметничко име Дејвид (D4vd), кој е обвинет за бруталното убиство на 14-годишната Селесте Ривас Хернандез.

Според обвинителите, Бурк минатата недела беше обвинет за убиство од прв степен, сексуален однос со лице под 14 години и осакатување на човечки остатоци, наведувајќи дека пејачот бил целосно свесен за возраста на жртвата додека одржувал врска со неа.

Обвинителството тврди дека на кобниот 23 април минатата година, девојчето пристигнало во домот на Бурк во Холивуд Хилс со Убер откако наводно се заканило дека јавно ќе ја разоткрие нивната врска и ќе ја уништи неговата музичка кариера.

- Знаејќи дека морал да ја замолчи жртвата пред да ја уништи неговата музичка кариера, обвинетиот ја избодел девојката неколку пати откако таа пристигнала во неговиот дом и ја гледал како крвари. Во ниту еден момент не ја повикал полицијата ниту ја однел во одделот за итни случаи за да се обиде да ѝ го спаси животот, се наведува во судските документи.

Откако го извршил злосторството, Бурк наводно се обидел систематски да ги прикрие трагите, патувајќи до Санта Барбара и нарачувајќи опрема за отстранување докази под лажното име Викторија Мендез. Листата на нарачки вклучувала две моторни пили, лопата, вреќи за тела, надувувачки базен и специјален контејнер за согорување отпад, додека обвинителите тврдат дека тој го распарчил телото на несреќното девојче во гаражата, а потоа ги скрил остатоците во предниот багажник на својот автомобил, каде што подоцна биле пронајдени.

Истрагата покажа дека Бурк и Селест се запознале во 2021 година, кога таа имала само 11 години, и дека сексуалната врска започнала во ноември 2023 година, кога таа имала 13, а тој 18 години.

Иако одбраната целосно ги отфрли сите точки од обвинението и побара судските записи да бидат запечатени, судот го отфрли барањето, а следното соочување беше закажано за 12 мај.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата