Снуп Дог одговори на критиките по настапот на инаугурацијата на Трамп: Да не ви е гајле за мене

28.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Снуп Дог одговори на критиките по настапот на инаугурацијата на Трамп: Да не ви е гајле за мене

Слушајќи музика и пушеше во автомобил, раперот објави на Инстаграм: „Ќе одговорам на целата омраза со љубов. Решете го вашиот живот, престанете да се грижите за мојот“.

„Добро сум. Собран сум. Сепак сум Афроамериканец. Сепак 100% сум Афроамериканец. Одиме до крај, без разлика дали ќе успееме или нема да успееме... Не можете доволно да ме мразите бидејќи јас ве сакам. Многу треба да научиме како да се креваме едни со други, наместо да се уриваме еден со друг." додаде Снуп.

„Можеме да бидеме на врвот во еден момент, а потоа тие се обидуваат да нѐ урнат во следниот момент. Но, јас сум силен Афроамериканец. Не можете да ме урнете. Јас сум Божјо дете“, рече тој. Додека некои критичари продолжија да го нарекуваат „продадена душа“ во коментарите, други ја понудија својата поддршка, пишувајќи „Те поддржуваме, Снуп“ и „Држи ја главата горе“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by snoopdogg (@snoopdogg)

Снуп, кој моментално има 88,1 милиони следбеници на Инстаграм, изгуби повеќе од 570.000 следбеници по настапот на настанот пред инаугурацијата на Трамп, одржан на 17 јануари во Аудиториумот Ендрју Мелон. Неговиот број на следбеници на платформата X исто така е намален за 17.177.

Мислењето на Снуп за Трамп се чини дека е променето од 2018 година, кога тој отворено го критикуваше Канје Вест и другите поддржувачи на Трамп за време на гостувањето во радио емисијата на диџеј Сус Уан на SiriusXM. „Им велам директно в лице, е*ете ги... Ако ви се допаѓа тој тип, вие сте е*ен расист“, рече тогаш. Една година подоцна, тој ги нарече поддржувачите на Трамп „глупави кретени“ во видеото објавено на платформата X.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата