Се разведуваат ли Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс?

30.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се разведуваат ли Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс?

Меѓутоа, со текот на времето гласините и шпекулациите за нивниот развод зачестија, па се чини дека шармантниот Мајкл Даглас сè уште нема хронично среќа во љубовта.

  Врската меѓу Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас започна во 1998 година, кога Мајкл ја забележал и договорил средба со неа. Тоа беше љубов на прв поглед, а набрзо по првата средба започнаа врска. И покрај разликата од 25 години, нивната љубов опстана, без разлика на сите притисоци. Во бракот добија две деца, синот Дилан и ќерката Керис, а интересно е што Дилан тргна по стапките на своите родители, глумејќи во театар.

Пред бракот со убавата Кетрин, Мајкл Даглас имаше навистина бурен љубовен живот.

Славниот актер во 1971 година започна шестгодишна романса со актерката Бренда Вакаро, но веќе во 1977 година се ожени со ќерката на австрискиот дипломат Диандра Лукер, која тогаш имаше само 19 години. Следната година добија син, но по две децении брак сепак решија да се откажат. Разводот на Диандра и донесе дури 45 милиони долари, а Мајкл утеха најде во Кетрин.

За крахот на бракот меѓу мајкл и Кетрин првите новински написи се покавија уште во 2013 година . Медиумите шпекулираа дека оваа двојка веќе некое време не живее заедно и дека разводот е се поизвесен.

Но, ништо од тоа не се случи. По две години Мајкл, во шоуто на Елен Деџенерис, откри дека нивниот брак е посилен од било кога. Сепак, гласините не престанаа. „Бракот е завршен, но тие не сакаат да поминат низ разводот“, изјавил инсајдер за Холивуд озборувања, пренесува Superwoman.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата