Компанијата негира каква било намерна злоупотреба и тврди дека ја добила фотографијата од трета страна која ја уверила дека сите потребни права се правилно обезбедени.
Според судските документи поднесени во федералниот суд во Калифорнија, Дуа Липа го обвинува Самсунг за користење на нејзината слика на амбалажата за телевизори што се продава низ САД без нејзино знаење, дозвола или финансиска компензација.
Во тужбата се тврди дека фотографијата е направена зад сцената на фестивалот „Остин Сити Лимитс“ во 2024 година, за кој пејачката тврди дека е нејзина сопственост.
„Samsung“ во официјално соопштение изјави дека фотографијата била искористена за промоција на содржина достапна на нивната платформа Samsung TV Plus и дека била обезбедена од партнер за содржини.
Компанијата тврди дека пред да ја употреби фотографијата, добила „експресна потврда“ дека се обезбедени сите потребни права и дозволи, вклучително и употреба на продажно пакување. „Со оглед на овие гаранции, ги отфрламе сите тврдења за намерна злоупотреба“, соопшти Samsung.
Компанијата додаде дека има „голема почит кон Дуа Липа и интелектуалната сопственост на сите уметници“ и дека е отворена за „конструктивно решавање“ со нејзиниот тим. Некои медиуми известуваат дека спорното пакување го содржело логото на музичката платформа „XITE Hits“, што би можело да укаже дека оваа компанија била посредник во обезбедувањето содржина за Samsung. Сепак, идентитетот на партнерот не е официјално потврден во судските документи.

