Роби Вилијамс опиша инцидент на концерт: Никогаш не сум бил позасрамен (ВИДЕО)

16.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Роби Вилијамс опиша инцидент на концерт: Никогаш не сум бил позасрамен (ВИДЕО)

Во него тој открил кој го смета за најсрамен момент во неговата соло кариера.

„На еден концерт помислив дека луѓето во инвалидски колички се всушност само луѓе кои не стојат и не уживаат во концертот. Ги критикував и ја натерав целата публика да покажува со прст кон нив и да ги исвиркува, а тие удираа со нозете и викаа „ надвор, надвор, надвор“, опиша тој.

„Потоа го погледнав мојот менаџер на сцената, тој стоеше таму и мавташе со рацете за да застанам“, додал тој имитирајќи го менаџерот кој му гестикулирал дека се луѓе во инвалидски колички. Тој вели дека „излегол од тоа“ посветувајќи им ја песната Angels и признал дека му било драго што ситуацијата се случила пред луѓето да почнат да снимаат концерти со своите мобилни телефони.

Да потсетиме дека овој 50-годишен пејач неодамна стана главна медиумска тема поради полуавтобиографскиот филм Better Man. Во него, го игра мајмун CGI со глас на Џоно Дејвис. Во изјава за Би-Би-Си, тој рече дека не сакал да се игра себеси бидејќи тоа би значело да биде одвоен од неговото семејство, сопругата Ајда Филд и нивните четири деца.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Better Man (@bettermanmovie)

"Не можев да ја поднесам помислата на тоа. Има еден куп работи што сакам да ги направам, а кои се подобри само како идеја. Беше одлично да се каже на вечера дека се играм себеси во филм. Но, кога дојде време за тоа, ми здодеа идејата“, рече Роби кој присуствуваше на лондонската премиера на споменатиот филм со неговата сопруга на крајот на ноември минатата година.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата