Речиси се откажала од љубовта, а потоа наишла на профил што ѝ го променил животот

1.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Речиси се откажала од љубовта, а потоа наишла на профил што ѝ го променил животот

 Но, една летна вечер, додека без големи очекувања ги прегледувала профилите на апликација за запознавање, не ни верувала дека еден навидум случаен избор може целосно да ѝ го промени животот, пишува Newsweek.

Лорен (38) од Вашингтон раскажува дека „изгубила надеж“ дека некогаш ќе ја пронајде вистинската личност. Иако користела апликации за запознавање од 2021 година, врските биле ретки и нестабилни, поради што често долго паузирала помеѓу запознавањата. Во 2025 година, таа решила повторно да си даде шанса.

„Обично ја користев апликацијата од досада или пред спиење“, вели Палмер. „Една ноќ, токму кога се спремав да се откажам и да ја избришам, наидов на профилот на Лари. Не се истакнуваше со ништо посебно, но ме привлече неговото лице.“

Првиот состанок снимен со камера

По неколку дена допишување со Лари Томас (44), тие го закажале нивниот прв состанок за 15. август. Пред состанокот, Палмер одлучила да сними кратко видео за да го запомни, не очекувајќи дека ќе се развие во нешто повеќе.

„Бев малку нервозна, и излегов без големи очекувања бидејќи сите тие средби со запознавање целосно ме исцрпеа“, признава таа. „Но, за разлика од другите, Лари ја имаше испланирано целата вечер. Посетивме музеј, вечеравме во ресторан и на крајот отидовме на палачинки.“

„Мислев дека ова искуство ќе заврши како и сите други, па се пошегував дека ќе ја прекине комуникацијата без објаснување или дека профилот е лажен. Не планирав сето тоа да отиде толку далеку, но бидејќи секоја нова средба ме возбудуваше и ме правеше нервозна, знаев дека сакам да ги забележам тие моменти за да можам подоцна да се присетам како се одвиваше сето тоа“, додава таа.

Вирално видео и неочекувана романса

Парот во наредните недели излегол уште многу пати, а таа продолжила да снима видеа непосредно пред секоја средба. Во октомври 2025 година, за време на еден заеднички викенд во планините, Палмер и Томас официјално ја започнале својата врска. Како што вели таа,  „едноставно знаела“ дека тоа е она вистинското.

Во декември, на својот профил на Тикток, @babes0nabudget, таа објави компилација видеа на кои ги покажува своите комбинации облека, нервозата и возбудата пред секое излегување. Видеото набргу стана популарно, собирајќи повеќе од 211.000 прегледи и речиси 24.000 „лајкови“, а гледачите воодушевено го следеле развојот на нивната романса.

Љубовта нема рок

Денес, шест месеци подоцна, нивната врска е посилна од кога било. Палмер вели дека и понатаму чувствува морници секој пат кога ќе го гледа видеото. „Дури и по шест месеци, не ми е реално што некој толку прекрасен ме избрал мене. Си велиме себеси дека заслужуваме голема љубов, но чувството кога и навистина ќе ви се случи, е нешто за кое, барем според моето искуство, ништо не може да ве подготви“, вели таа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата